Објавен е нов официјален трејлер за „House Of The Dragon“ – првата приквел серија на „Game of Thrones“.
Новите епизоди ќе ја разработуваат историјата на куќата Таргариен, а дејствието се одвива два века пред „падот на тронот“, односно настаните кои ги проследивме во „Game of Thrones“.
Во трејлерот, кралот Висерис Таргариен, принцезата Ренира Таргариен и принцот Демон Таргариен се обидуваат да обезбедат што поголема контрола на нивното семејство врз другите моќни играчи на Вестерос.
„Историјата не памети крв. Памети имиња“ – се вели на крајот од видеото.
„House Of The Dragon“ ќе има 10 епизоди и ќе започне да се емитува од 21 август оваа година.