Незапирливата Бијонсе не престанува да нè изненадува со своите таленти. Откако нејзината прва колекција House of Dereon доживеа голем успех, Бијонсе и нејзината мајка решија дека имаат уште да покажат на полето на модата, па во моментов ја промовираат новата колекција „Dereon“.
Колекцијата содржи тесни секси фустани кои ги истакнуваат женските облини, надополнети со метални детали за силен и гламурозен изглед.
Бијонсе изјавила дека колекцијата е инспирирана од темата борбена божица, секси жена која поседува истовремено и голема моќ.
Колекцијата Dereon веќе се продава ексклузивно во Бразил, а Бијонсе сними и интересна реклама со која ќе ја промовира. Во рекламата таа ги покажува своите гимнастички способности додека носи еден од фустаните од колекцијата со цел да ја покаже неговата флексибилност.
Рекламното видео е инспирирано од сцена од познатиот филм „Entrapment“, во кој ѕвезда беше Кетрин Зета Џонс.
Покрај дизајнирањето на облека, познатото семејство на Бијонсе планира да влезе и во бизнисот со мебели.