Најдобрите на малите екрани синоќа се закитија со статуетки „Еми“.
„Breaking Bad“ со пет награди замина во телевизиската историја. Популарната серија за професор по хемија, кој влегува во светот на дрогата по откривањето дека боледува од рак на белите дробови, беше прогласена за Најдобра драмска серија.
За последната сезона на „Breaking Bad“, Брајан Кренстон ја доби наградата за Најдобар актер во драмска серија, Арон Пол наградата Најдобар актер во споредна улога во драмска серија, а Ана Ган наградата Најдобра актерка во споредна улога во драмска серија.
Џулијана Маргилес ја доби наградата Најдобра актерка во драмска серија за „The Good Wife“.
Џим Парсонс од серијата „The Big Bang Theory“ ја освои наградата за Најдобар актер во ТВ серија комедија, а Џулија Луис-Дрејфус од „Veep“ беше прогласена за Најдобра актерка во ТВ серија комедија.
Екипата на „Modern Family“ ја збогати својата колекција статуетки со наградата за Најдобра ТВ серија комедија.
Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.