Ричард Гир и Алехандра Силва ја поддржаа хуманитарната гала „City Harvest“, која се организира со цел собирање на средства за обезбедување на топол оброк за оние кои имаат најголема потреба од тоа.
На настанот во Њујорк, 74-годишниот актер и 41-годишната активистка си разменуваа љубовни погледи додека позираа пред фоторепортерите.
Ричард и Алехандра стапија во брак во 2018 година, но ретко се појавуваат заедно на настани. Тие имаат две синчиња.