Десетта радост за Еди Марфи! Семејството на 57-годишниот актер порасна за уште еден член откако неговата вереница Пејџ роди момче.
Новороденчето го добило името Макс.
„И мајката и синот се добри“ - изјавил претставник на филмската ѕвезда за „People“.

Ова е второ заедничко дете на Еди и Пејџ, кои се верија пред два месеца по 6-годишна врска и имаат 2-годишна ќерка.





Познатиот комедијант има уште пет ќерки и три сина.

