Агнета Фалтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингштад се собраа на исто место за да ја прослават 50-годишнината од создавањето на легендарната група ABBA, т.е. датумот кога Бјорн и Бени за првпат се запознаа.
Првпат по 30 години, четворицата заедно настапија на сцената на приватна забава во Berns Salonger во Стокхолм, Шведска. Последниот настап на групата во полн состав бил во 1986 година.









Претходно, 71-годишниот Бјорн, 69-годишниот Бени, 70-годишната Ани-Фрид и 66-годишната Агнета беа фотографирани заедно во јануари оваа година на отворањето на ресторанот на Бјорн во Стокхолм.




Популарната шведска група се распадна во 1982 година. Во 1974 година, ABBA победи на изборот на песна „Евровизија“ со песната „Waterloo“.

