Поранешните членови на една од најпознатите групи на сите времиња „Abba“ се обединија повторно на едно место, за првпат по осум години. Агнета Фалтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингштад присуствуваа на отворањето на ресторан во Стокхолм.
Темата на ресторанот е инспирирана од филмот „Mamma Mia“, мјузикл базиран на песните на неповторливиот шведски бенд. Таверната ја поседува Улвеус, па сосема е разбирливо што гостите ќе можат да уживаат во својот оброк додека во позадина свират песни од Abba, а пред нив се изведува театар според хитот „Mamma Mia“.
















Талентираните музички ѕвезди настапија на Евровизија во 1974 година и ѝ донесоа победа на Шведска со песната „Waterloo“.










Претходно, познатите пејачи беа фотографирани заедно во 2008 година на премиерата на „Mamma Mia“.
