Почетна » Новости » Промо » Шпаркасе Банка со нови атрактивни услови за штедење

Шпаркасе Банка со нови атрактивни услови за штедење

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со своите активности да носи различни привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа и да креира атрактивни понуди што целосно одговараат на потребите на крајниот корисник. Како синоним за стабилност и сигурно партнерство, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка ја продолжува промотивната понуда за Депозит Плус со нови, повисоки каматни стапки, фиксни за целиот период на орочување, во периодот од 1.4.2023 до 30.6.2023 година. Па, така, средствата со Депозит Плус во денари можат да се орочат на 13 и на 24 месеци, со што при орочување на 13 месеци каматната стапка изнесува 2,9%, додека при орочување на 24 месеци каматната стапка изнесува 3,5%. Депонентите, пак, кои ќе се одлучат за депозити во евра на 12 месеци добиваат каматна стапка од 1,9%, додека за 25 месеци каматна стапка од 2,5%.

Шпаркасе Банка

Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период во стабилна финансиска институција.

Сите информации може да ги погледнете на веб-страницата на Шпаркасе Банка, за Депозит Плус во денари прочитајте на следниот линк https://bit.ly/3onWF2H, а за Депозит Плус во евра на следниот линк https://bit.ly/43Fl2Jm.

Или, пак, можете да се јавите на Контакт центарот на 02/15050 достапен во секое време.

Денес штедењето претставува предизвик за клиентите и истовремено многу корисна навика со која ја обезбедуваме нашата и иднината на нашите деца. Токму затоа изберете партнер од доверба каков што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење. Со овој промотивен депозит и со сигурен и стабилен партнер за штедење каков што е Шпаркасе Банка, секогаш добивате нешто плус.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19686 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.