Шпаркасе Банка АД Скопје го доби признанието Најдобри во класата – Активација за кампањата „Happy VISA Weekends“ од страна на долгорочниот партнер Visa. Кампањата што ја спроведе Банката во текот на 2021 година, беше оценета за најдобра во класата VISA Активација.
Чест ни е што VISA, водечката светска компанија и глобален авторитет во дигиталните плаќања, ја препозна иницијативата на Шпаркасе Банка за понуда на иновативни картични производи и креирање дополнителна вредност за своите клиенти при реализација на безготовински плаќања.
Станува збор за наградна игра наменета за сите корисници на платежни картички за физички лица од брендот VISA, а услов за учество беше корисниците да реализираат најмалку една поединечна трансакција на продажните места и е–commerce трансакции во земјата и во странство, во висина од најмалку 500 денари. На најсреќните учесници им беа доделени 70 ваучери за патување во РС Македонија и главна награда – автомобил „KIA SPORTAGE“.
Горди сме на сите успешни проекти и соработки низ годините со VISA и истовремено упатуваме голема благодарност за добиеното признание, но и до нашите клиенти за нивната доверба и лојалност, и фактот што ја избраа Шпаркасе Банка за свој сигурен и стабилен финансиски партнер.
Шпаркасе Банка и понатаму останува посветена на креирање понуди на иновативни производи, квалитетни услуги, но и обезбедување дополнителна вредност за нашите клиенти и поддршка на заедницата.
Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
Комерцијален текст