Како дел од зелената транзиција што е во тек, Шпаркасе Банка набави службено електрично возило за потребите на своите вработени и истовремено постави полнач за електрични автомобили со 100% зелена енергија.
Електричното возило е од марката Volkswagen ID 3, припаѓа на најновата генерација електрични автомобили со голема автономија и е CO2 неутрален, а ќе се користи од вработените при извршувањето на нивните дневни обврски.
MOON Wallbox Connect полначот за електрични автомобили овозможува брзо и безбедно полнење електрични автомобили за потребите на вработените како и за потребите на клиентите на Банката. Пристапувањето кон полнење се извршува со авторизирана RFID-картичка. Електричната енергија за полнење на автомобилите е целосно зелена, добиена од фотонапонскиот систем.
Шпаркасе Банка наскоро планира набавка на уште едно ново електрично возило, како и проширување на мрежата на електрични полначи, со што ја демонстрира својата заложба за одржливост на долг рок и вложување во зелена иднина, со цел зачувување на природата и животната средина.
Како дел од интерните политики на Банката, вработените се стимулираат да користат еколошки превоз, со цел редуцирање на емисијата на стакленички гасови во воздухот. Па, така, кон средината на минатата година, Шпаркасе Банка го збогати својот еко-возен парк и со нови електрични тротинети, кои им се целосно на располагање на вработените и кои им помагаат да го избегнат градскиот метеж и непречено и навремено да пристигнат на своите состаноци.
Одговорноста кон средината е меѓу приоритетите на Шпаркасе Банка, која се стреми да пружа максимална поддршка во насока на позитивни еко-промени! Во таа насока, ве охрабруваме да ги оставиме нашите автомобили, да користиме превозни средства што не ја загадуваат животната средина и со тоа да придонесеме во подигнување на колективната еко-свест!
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.
Комерцијален текст