На 13.07.2022 г, Шпаркасе Банка АД Скопје потпиша договор за долгорочна соработка со Банка Економике, по што следуваше официјален бизнис настан за корпоративни клиенти во Хотел Хилтон, на кој присуствуваа високи претставници од двете банки и бизнис заедницата.
Од овој договор за продлабочување на соработката ќе произлезат бенефити за двете банки, но исто така и бројни поволности за клиентите кои покрај тоа што ќе можат да ги продлабочат меѓусебните соработки, ќе можат да користат и повластени цени за производите и услугите што ги нудат банките.
Република Косово е важен трговски партнер на земјава, и е на 10. место на листата на земји со кои Р. Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Шпаркасе Банка АД Скопје, активно соработува со над 80 корпоративни клиенти кои имаат бизнис релации со косовски партнери. Обемот на вкупни плаќања кон косовските компании во првата половина на 2022 година е на ниво од 18 М ЕУР, додека косовските компании платиле кон близу 300 македонски партнери вкупен износ од 30 М ЕУР.
На бизнис настанот свое обраќање пред партнерите и бизнис заедницата имаше г-ѓа Нина Неданоска, заменик претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје:
„Соработката на Шпаркасе Банка со Банка Економике започна во 2016 година во делот на девизен пазар и пазарот на пари и на обострано задоволство досега бележи континуиран прогрес. Шпаркасе Банка на Банка Економике ѝ овозможува пристап до автоматизирано и ценовно конкурентно тргување на девизниот пазар. Во делот на пазарот на пари, обезбедена е можност на Банка Економике за пристап до меѓународниот пазар на пари преку користењето на мрежата на корeспондентски банки на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата.Во 2021 отпочнавме меѓусебни активности за проширување на соработката во уште неколку дополнителни дела: обезбедување на можност за Банка Економике за тргување со хартии од вредност на меѓународните берзи, откуп на готовина и тргување со државни обврзници на Пазари преку шалтер. Во иднина остануваме посветени на поддршка и градење на долгорочни партнерства со бизнис партнери од Косово и унапредување на бизнис релациите, а овој настан е одлична можност за запознавање и заедничка соработка на потенцијалните бизнис партнери од двете земји.“ – изјави таа.
Пред присутните гости свое обраќање имаше и главниот извршен директор на Банка Економика, г. Шпенд Лужа:
„Фокусирајќи се на проширувањето на соработката меѓу бизнисите од двете земји, имавме задоволство да го потпишеме договорот за продлабочување на соработката помеѓу нашите две банки, Банка Економике и Шпаркасе. Основната цел на оваа соработка е да понуди конкурентни производи и услуги каде главни корисници ќе бидат клиентите на нашите две земји. Меѓу другото, делокругот на нашата соработка вклучува банкарски трансакции со повластени провизии помеѓу клиентите на двете банки, користење на мрежата на банкомати на двете банки, користење на ПОС мрежата на Шпаркасе Банка за клиентите на Банка Економике, како и тргување со хартии од вредност помеѓу нашите бизнис клиенти.“ – изјави тој.
Банка Економике беше лиценцирана во 2001 година кога почна да работи како единствена банка со 100 отсто локален капитал и на тој начин постави пример дека финансиска институција основана во Косово може да испорачува финансиски услуги на едно повисоко ниво. Денес, две децении подоцна, во многу области Банката надмина многу од поставените цели. Со над 100.000 клиенти, мрежа од 29 експозитури и 52 банкомати, Банка Економикe има значајна улога во косовскиот финансиски сектор.
Комерцијален текст