Еден од нашите омилени домашни брендови, Цедевита преку слоганите #останидома #останиЦЕ ги повикува граѓаните од удобноста на својот дом го задржат позитивниот дух.
Цедевита минатата година лансираше нова креативна платформа „Вкусот на генерацијата ЦE“, која многу брзо доби бројни позитивни коментари и реакции низ целиот регион. Да се потсетиме, Генерацијата ЦE е првата генерација што не се идентификува преку годините на раѓање, туку преку состојбата на духот и заедничкиот систем на вредности. Негува позитивен дух и креативност, не робува на предрасуди, туку ја поврзуваат различности и силата на заедницата.
Карактеристиките на Генерацијата ЦЕ доаѓаат до израз во тековната ситуација, кога без оглед на физичката дистанца, треба да бидеме едни до други, градејќи ја силата на заедницата, но и оптимизмот што во овој моментот ни е повеќе од потребен.
Заедништво на генерацијата во тешки моменти
Со цел дополнително да ја негуваме солидарноста и да ја подигнеме свеста на сите околу нас, Цедевита развива слоган #останиЦЕ кој со апелот да се заштитиме себеси и другите останувајќи во своите домови, има дополнителна порака. Порака која поттикнува физичка изолација, но не и емоционална. Цедевита нагласува дека треба да останеме оптимисти и да продолжиме да шириме нова доза на позитивна енергија, поддршка и взаемно почитување. Исто така, истакнува дека имаме можност да ја стимулираме креативноста, да научиме нови работи, како и да им помагаме на оние на кои им е потребно. И на крај, но не помалку важно, имаме можност да го разубавиме денот со своите сакани и да ги освежиме насмевките на другите - без разлика каде се наоѓаат.
Затоа, поттикнете ја солидарноста, одржувајте оптимизам, #останидома и #останиЦЕ.
Комерцијален текст