Новиот продажен салон на „Нептун“ со површина од 1.500 метри квадратни е потврда на брендот Нептун кој во изминатите 23 години прерасна во апсолутен лидер во малопродажбата на иновативни технологии и бела техника на македонскиот пазар. Овој продажен салон е совршен спој на долгогодишно искуство и врвните светски практики од оваа област. Присутни се најсовремени технологии кои за првпат се сретнуваат на нашиот пазар, речиси сите водечки меѓународни брендови со најновите генерации производи, така што посетата на овој продажен салон навистина нуди едно поразлично купувачко искуство за сите потрошувачи кое треба да се доживее.
На располагање е стручен тим од 35 вработени со што ќе се олесни изборот на потрошувачите со своите совети и препораки. Работното време на продажниот салон е секој ден од 10 до 22 часот, со локација на кат -1.
26тиот продажен салон на брендот „Нептун“ е совршен спој на долгогодишно искуство и врвните светски практики од оваа област. Покрај широкото портфолио на присутни брендови во продажниот салон, „Нептун“ нуди и голем број дополнителни услуги кои на клиентите им овозможуваат бројни поволности, како што се happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции за купените производи, комфор и премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy Card.
Се гледаме во Нептун Ист Гејт Мол!
Комерцијален текст