Почетна » Новости » Промо » Триглав Осигурување ја воведе наградната игра „карантWin”

Триглав Осигурување ја воведе наградната игра „карантWin”

карантWin

Триглав Осигурување започнува денес со наградна игра под називот „карантWin”.

Наградната игра им дава можност на учесниците да добијат награда, само со тоа што го почитуваат социјалното дистанцирање, коешто е еден од најголемите предизвици во овој период.

Во време кога луѓето се соочуваат со низа прописи, правила и социјално дистанцирање, Триглав Осигурување, со единствена цел да ја поддржи борбата против пандемијата со Ковид-19, одлучи да ги поттикне граѓаните да се придржуваат до препораките за социјално дистанцирање, со можност да бидат наградени.

За наградната игра карантWin

Учесниците во наградната игракарантWin единствено треба да се придржуваат до препораката за социјално дистанцирање најмалку 14 дена, со што добиваат можност да добијат награда.

Да учествуваат во наградната игра, учесниците треба да ја преземат мобилната апликација карантWin, достапна на електронскaтaплатформа Google Play Store.Мобилната апликација им овозможува на корисниците да ја регистрираат локацијатана која што престојуваат преку GPS податоците на нивниот мобилен телефон и овозможува движење во радиус од најмногу 100 метри. Доколку учесникот се оддалечи повеќе од 100 метри, бројот на денови се враќа на почеток.

Податоците се чуваат единствено во мобилниот телефон на учесникот и не се преземаат без негово одобрување. Сите податоци трајно се бришат со бришење на апликацијата од мобилниот телефон.

Наградната игра ќе трае од 25.04. до 24.07.2020 година, а во рамките на три извлекувања ќе бидат доделени бројни парични награди и ваучери за осигурување.

„Живееме во време и во околности, кои на сите нам ни се случуваат по прв пат. Соочени сме со предизвици, кои не се лесни, но социјалната дистанца ни ги дава одговорите на многу прашања, како да се справиме со ситуацијата и да не дозволиме таа да ескалира, како да ја спречиме оваа пандемија, која одзема животи и влијае на сите аспекти од социјалното и економското живеење. Сметавме дека, како компанија, можеме да помогнеме со тоа што ќе внесеме малку забава во животите на луѓето, но уште поважно, ќе ги поттикнеме да ја почитуваат оваа препорака, која во моментов значи заштита на здравјето за сите нас. КарантWinе наградна игра, со која што го правиме токму тоа, на многу едноставен начин ги мотивираме луѓето да се придржуваат до препораките на надлежните институции, да седат дома и за тоа ги наградуваме со поединечни парични награди и до 30 000. денари. Во оваа ситуација сите ние треба да го дадеме нашиот максимум и да помогнеме онака како што можеме. Триглав е компанија, која што е секогаш спремна да инвестира во општеството во кое што работи и сметам дека е наша должност да се обидеме и да придонесеме кон што подобри резултати”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Деталите за наградната игра можете да ги најдете на triglav.mk, а до нив може директно да се пристапи овде.

Правилата на наградната игра се достапни на triglav.mk, а до нив директно може да се пристапи овде.

Мобилната апликација карантWin може да се преземе овде.

Да бидеме одговорни, да останеме дома, да го чуваме здравјето.

Триглав Осигурување АД, Скопје

#седисидома #останиздрав #карантWin

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19706 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.