- Дали го миете вашето лице со обичен сапун?
а. не, никогаш
б. ретко
в. 1-2 пати неделно
г. да, секој ден
- Како ја чувствувате кожата на лицето кога ќе ја измиете со млака вода?
а. непријатно, сува е и ме затега
б. кога е топло е во ред, кога е ладно се случува повремено кожата да ми е сува
в. добро, но на делови (Т-зона) имам чувство дека имам вишок маснотии
г. се уште го чувствувам вишокот на маснотии на лицето
- Дали вашата кожа има потреба за нега со крем за лице?
а. да, секој ден
б. да, но кога сум дома може да се случи да заборавам да ставам
в. 1-2 пати неделно
г. не, никогаш
- Дали имате вишок маснотии на вашето лице?
а. не, никогаш
б. ретко
в. да, во предел на Т-зоната
г. да, секогаш и на цело лице
- Дали имате/сте имале акни( комедони, бубулици, гнојаници)?
а. не, никогаш
б. ретко
в. да, но не биле сериозен проблем
г. да, имам/сум имала потреба од производи за нега на проблематична кожа
- Која густина на крем најмногу ви одговара за нега?
а. помасни
б. со кремаста текстура
в. хидратантни
г. со мат-ефект, за нега на масна и проблематична кожа
- Дали имате потреба од крем за нега навечер?
а. да, секогаш
б. периодично, обично кога надвор е ладно и ветровито
в. не, доволна ми е само утринската нега
г. не, никогаш
- Дали имате видливи пори на кожата на вашето лице?
а. не, никаде
б. имам дискретни фини пори во предел на Т-зоната
в. да, во предел на Т-зоната
г. да, видливи и широки пори речиси на целото лице
- Дали имате видливи брчки на кожата на вашето лице (за особи 25+)?
а. да, лесно ми се прават брчки
б. да, околу очите и устата
в. дискретни околу очите, ако често се смеам
г. речиси немам
Објаснување на прашалникот:
А. Ако имате најмногу одговори под а. значи дека имате сува кожа. Нечистотиите и шминката од вашата кожа најдобро е да ги отстранувате со млеко или млечна емулзија за чистење на лицето, а за нега ќе треба да изберете побогат крем кој ќе треба да ги задоволи потребите на кожата за замастување и хидратација. Сувата кожа многу често има потреба и од ноќен крем.
Б. Ако имате најмногу одговори под б. значи дека имате нормална кожа. Овој тип на кожа можеме ја чистиме во зимскиот период со млеко за отстранување на нечистотии, а во топлиот период со мицеларен раствор, кој ќе ја отстранува и шминката. Кремите за нега најдобро е да бидат од групата на производи за дневна нега за нормална и комбинирана кожа, а во зимскиот период и со ноќен крем.
В. Ако имате најмногу одговори под в. значи дека имате комбинирана кожа или кожа со Т-зона. Овој тип на кожа можеме ја чистиме во зимскиот период со мицеларен раствор, а во топлиот период со гел за миење лице или мицеларен раствор. Кремите за нега најдобро е да бидат од групата на производи за дневна нега за нормална и комбинирана кожа, потреба од ноќен крем нема, можеби повремено во ладниот зимски период.
Г. Ако имате најмногу одговори под г. значи дека имате масна кожа.
- Ако масната кожа е без акни, можете ја чистите во зимскиот период со гел за миење лице или мицеларен раствор, а во летниот период со гел за миење лице. Кремите за нега најдобро е да бидат од групата на производи за комбинирана кожа или од групата за масна и проблематична кожа (обично се обележани со зелена боја) или да се направи комбинација од овие две групи.
- Ако масната кожа е со акни, најдобро е негата да биде со производите од групата за масна и проблематична кожа, кои обично се обележани со зелена боја. Ноќен крем може да користат само од истата линија производи за масна и проблематична кожа. Кожата со акни бара и консултација со дерматовенеролог, кој ќе направи проценка дали има потреба од дополнително вклучување на лекови против акни, со цел побрзо и поефикасно отстранување на акните и стабилизирање на состојбата.
Од кои производи на Еуцерин можете да изберете зависно од вашата возраст?
18+ AQUAporin ACTIVE
25+ Q10 ACTIVE
30+ Hyaluron-Filler
40+ Volume-Filler
50+ Elasticity+Filler