Добро е познато дека е чоколадата глобално омилено слатко и дека го поттикнува хормонот за среќа, а брендот Najlepše želje токму тоа и го прави – веќе сто години, многу успешно ги воодушевува многубројните генрации со вкусните и квалитетни чоколадни вкусови и десерти. По повод јубилејот и прославата на цел век постоење на Atlantik Štark, со кампањата „Со полно срце за новите сто“, Najlepše želje најавуваат година исполнета со неодоливи изненадувања, но и продолжение на производството на легендарните и иновативни производи, со желба да ги исполни очекувањата насвоите верни потрошувачи.
Промотивно лице на новата кампања е претставник на младата генерација, популарната глумица Анѓела Јовановиќ, која е една од оние кои пораснаа на највкусните и на сите омилени чоколади, а која – како што истакнуваат и Najlepše želje во новата кампања – сè што прави, прави искрено и со полно срце. За несекојдневниот ТВ спот и звукот што ги буди емоциите што ги носат со себе Najlepše želje, како и за славеничкиот дух се погрижи познатиот Васил Хаџиманов, додека режијата на ТВ-спотот му припадна на наградуваниот Мишо Терзиќ.
Благодарение на постојаните иновации кои ги спроведува компанијата, но и на минатогодишната инвестиција од 8,6 милиони евра во новата технологија, Najlepše želje во славеничката година влегоа со освежено пакување и подготвени се и во следниот век да продолжат да ги радуваат верните потрошувачи на својствен начин - со најфината чоколада полна со љубов.
Комерцијален текст