Почетна » Новости » Промо » Со достапна терапија и менаџмент на дијабетесот до поквалитетен живот

Со достапна терапија и менаџмент на дијабетесот до поквалитетен живот

Во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот, компанијата РОШ Македонија се приклучува кон глобалната кампања за зголемена достапност на соодветна терапија и здравствена грижа, и повикува на постојана ангажираност на сите чинители на здравствената заштита во земјите ширум светот за подобрување на квалитетот на животот за сите луѓе кои живеат со дијабетес

Светскиот ден на дијабетесот

На Светскиот ден на дијабетесот кој секоја година се одбележува на 14-ти Ноември, меѓународната заедница за дијабетес се обединува и го свртува вниманието на светот кон важните прашања за дијабетесот со цел да ја подигне свеста на јавноста.

Во 2021 г., фокусот на кампањата за Светскиот ден на дијабетесот е свртен кон достапноста на соодветна терапија и здравствена грижа за дијабетес. Денес, после сто години од откривање на инсулинот, милиони луѓе со дијабетес ширум светот сѐ уште немаат пристап до соодветна дијагностика, терапија и грижа. На луѓето со дијабетес им е потребна постојана помош и поддршка за да можат да ја менаџираат својата состојба, да избегнат компликации и да живеат квалитетен живот. Пандемијата на COVID-19 и понатаму продолжува да создава бројни предизвици во здравствената заштита, а еден од најголемите е да се обезбеди континуитет на основните здравствени услуги, и достапност на лекови и помагала (медицински средства) за луѓето со дијабетес.

РОШ глобално зема активно учествуво во креирање на стратегии за отстранување на пречките поради кои во одделни делови од светот лицата со дијабетес се лишени од потребната здравствена заштита. Нашиот пристап е да развиваме локални решенија создадени според локалните потреби, да обезбедиме одржливи и долгорочни подобрувања на здравјето и здравствената заштита. Наша цел е нашите решенија да бидат достапни како дел од секојдневната терапија за менаџирање на дијабетесот секому кој живее со оваа состојба.

Александра Ивановска, директор на РОШ Македонија, го истакнува значењето на достапноста на потребната здравствена грижа за лицата со дијабетес насекаде во светот, како и посветеноста кон оваа хумана цел: „Долгогодишното учество на РОШ во овозможување на поквалитетен живот за лицата со дијабетес преку обезбедување на соодветна дијагностика, терапија, едукација и решенија, пред сѐ во помалку развиените земји, како и подигање на свеста за ова заболување во модерниот свет, се должи на исклучителната посветеност на сите професионалци во оваа компанија кои искрено се стремат да придонесат кон трајни промени во локален и глобален контекст за градење и развивање на одржливи здравствени системи.“

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19685 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.