Браво кафе Премиум повторно наградува. Главна добивка и годинава е парична награда од 500.000 денари која се доделува секој месец и е вистински стимул за учество. Но предизвикот не застанува овде, туку следуваат и бројни други примамливи награди како 15.000 денари, телевизори, фрижидери, велосипеди, машини за перење, микробранови печки... Тука се и најбројните брендирани награди како Браво термос, ѓезвиња, шолји за кафе, торби за пазарење...
Учеството во наградната игра е со купување на 100, 200 или 500 грамско пакување на Браво кафе Премиум. Доколку во внатрешноста на пакувањето пронајдете три исти вредности за награда (пример: отпечатени три телевизори) вие сте добитник на отпечатената награда. Наградната игра „Отвори и добиј“ е веќе почната и трае до крајот на годината.
„Традиционално веќе секоја година ги наградуваме нашите верни купувачи. Пуштивме во продажба илјадници добитни пакувања кои треба да ги пронајдат своите среќни купувачи. Оваа наградна игра ни е само еден начин да покажеме благодарност до нашите верни купувачи и љубители на кафето Браво, секако и да ја наградиме нивната лојалност кон нашиот бренд. Наша најголема цел е да го одржиме добриот воспоставен однос со купувачите и да ја оправдаме довербата која веќе со години ни ја даваат. Продолжуваме да го правиме тоа на најдобриот начин што умееме“ - изјави генералниот директор на Рио Кафе, Кирил Андоновски.
За сите прашања и дополнителни информации посетете ја официјалната Facebook страница на Браво Кафе: www.facebook.com/BravoCaffe или заследете го Instagram профилот: www.instagram.com/bravocaffe
Комерцијален текст