Првиот избор на потрошувачите, кога е во прашање најширокиот избор на иновативни технологии и сеопфатни решенија за подобрување на квалитетот на животот, „Нептун“, отпочна соработка со популарниот актер Сашко Коцев. Компанијата, која што е лидер во својот сегмент на нашиот пазар, заедно со еден од најпознатите глумци на сцената во регионот, во периодот што следува ќе реализира низа активности што ќе бидат особено интересни и атрактивни за купувачите.
„Нашата визија отсекогаш била на сите индивидуални клиенти да им овозможиме што поголема селекција од производи во што повеќе категории, но во исто време, и да им посветиме време и енергија, како и да споделиме знаење, со цел тие да го направат изборот што е најсоодветен за нивните потреби. Сашко, преку своите најразлични улоги, меѓутоа, и како човек, настапува на ваков, искрен начин и затоа сме убедени дека соработката ќе биде и забавна и корисна за нашите ценети потрошувачи“ - истакна генералниот директор на „Нептун“, Горан Цветинов.
Актерот, покрај преку улогите на редовниот репертоар на својот матичен театар, годинава ќе се појави и во новите долгометражни филмови „Снежана на крајот умира“ и „Мими“. На соработката со компанијата гледа како на можност за воспоставување комуникација со потрошувачите со цел да им помогне да ја донесат најдобрата одлука кога е во прашање технологијата.
„Иновациите за кои што секојдневно читаме, слушаме или ги гледаме на нашите смартфони не би имале никаква вредност доколку не ни користат за да го подобриме животот. За мене „Нептун“ отсекогаш бил првиот и единствен избор, за сè, од големи уреди како телевизори или бела техника, до ситни „гаџети“ кои што неверојатно го олеснуваат секојдневието. Преку оваа соработка токму ова искуство ќе го доближиме го купувачите. Нормално, притоа и ќе се забавуваме“ - вели Коцев.
„Нептун“ неодамна ја презентира револуционерната петгодишна стратегија со која штоќе воведе многу новини на домашниот пазар. Компанијата во 2022 година има во план да реализира низа проекти, меѓу кои ќе биде и реновирањето на неколку продажни локации со цел тие да бидат во согласност со брендот „Нептун“. Се очекува релокација на дел од продавниците, формирање академија за продажба, како и унапредување на талент-програмите за вработените.
Комерцијален текст