Почетна » Новости » Промо » Рио кафе со инвестиција од 1.3 милиони евра во нова најмодерна технологија

Рио кафе со инвестиција од 1.3 милиони евра во нова најмодерна технологија

„Рио Кафе“, најголемата македонска компанија за производство на кафе ова лето ја заврши инвестицијата во нова, моментално најсовремена италијанска технологија за производство на кафе вредна 1.3 милиони евра. Се работи за еколошки најсофистицирано решение кое ќе придонесе за подобрување на квалитетот на кафињата од програмата на „Рио Кафе“, вклучително и добропознатите брендови Браво Премиум и Браво Класик, но и овозможува зголемување на капацитетот на работа, отворање на нови пазари и проширување на асортиманот со нови производи.

Рио Кафе

Новата инсталирана технологија вклучува целосно решение за производство на кафе од печење и мелење до пакување на истото во нови модерни пакувања кои лесно се отвораат и лесно се затвораат со цел задржување на свежината и автентичниот вкус. Со ова, „Рио Кафе“ уште еднаш ја докажува посветеноста кон постојаното подобрување, иновирање и приближување до своите корисници.

Рио Кафе

Заедно со новата инвестиција, претставени се и новите редизајнирани амбалажи на двата водечки кафе брендови, Браво Премиум и Браво Класик. Браво Премиум е единственото кафе на нашиот пазар кое што е достапно во зипер пакување кое што го штити кафето од влага и воздух и овозможува секогаш да биде свежо и вкусно како штотуку отворено пакување. Иако амбалажата е нова, наградната игра продолжува и понатаму во сите пакување од 100, 200 и 500 грама Браво Премиум.

Рио Кафе

Браво Класик освен што доби модерен изглед и подобар квалитет, сега е достапно во амбалажа која лесно се отвора и лесно се затвора со што ја чува оригиналната свежина до последната лажичка кафе. Новите пакувања веќе се достапни во сите маркети низ државата.

ВИДЕО

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19688 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.