„Ракијата е македонска вткаена традиција, а културата на поднебјето која особено ја цениме како и љубовта кон создавање на иновации како нова финтек компанија, не инспирира да направиме мал настан на кој ќе ги соопштиме бројките кои се навистина одлични за стартот на првата година од работењето на нашата компaнија и ќе си посакаме одлични инвестиции во Новата 2023 година и во оваа нова ера на инвестирање која ја донесовме први во Македонија” - изјавуваат организаторите.
Локацијата беше питомиот југ на Македонија, изборот падна на Гевгелиската дестилерија која неодамна го донесе килибарното злато меѓу ракиите, со својата Гордон Амбер крафт ракија, за луѓе со стил кои сакаат да уживаат во секоја голтка, како што се впрочем и нивните клиенти.
„Изминатата 2022 ја затворивме со нашата најголема благодарност кон инвеститорите на P2P.mk.
Благодарни сме за довербата и разбирањето што го добивме како поддршка во нашиот старт на пазарот.
Ги сакаме бројките, па направивме едно резиме на стартниот успех во 2022:
- 609 пласирани кредити
- 548 купени кредити
- Просек на исплатена камата од 9,372%
- Вкупен износ на пласирани кредити од 16.274.166 денари
- Вкупен износ на купени кредити од 13.841.638 денари
- Вкупен поврат на инвестиции во износ од 3.994.082 денари“ - истакна пред присутните Теодор Тодоровски извршен директор на P2P.mk.
На присутните кои беа поканети на овој настан, Гевгелиската дестилерија им организира софистицирана дегустација на повеќе видови од нивните дестилати, парирани со храна, а експерт за дестинација на ракија даде многу интересни факти поврзани со оваа посебна приказна која Македонија ја става на светската карта на високопрофилирани дестилерии.
„Гордион Амбер е нешто поинакво, нешто ново, нешто оригинално, нешто возбудливо. Пијалак со врвен и префинет вкус, и кристално чиста килибарна боја. Името Гордион Амбер асоцира на неговото географско потекло (Гортинија е старото име на Гевгелија, добиено по кралот Гордион) и на богатата килибарна боја по која е препознатлива нашата ракија” - раскажуваа домаќините.
Гордион Амбер е пијалак за луѓе со изграден вкус. Луѓе кои се љубопитни и истражувачи на нови хедонистички дестинации. Совршен за after work дружба со колегите или вечерно опуштање со пријателите како што беше и оваа нивна средба.
Совршен пијалак за луѓето кои знаат што сакаат.
За оние кои консумираат одговорно и со стил, затоа што добрите пијалаци се пијат во мали количини и се ужива во секоја голтка!
Така е и со инвестициите, со нив треба внимателно и мудро.
За крај споделија неколку едноставни правила за инвестирање, кои можете слободно да ги ставите на чек-листата на приоритети за оваа 2023 година:
- Трошете помалку отколку што заработувате, затоа што така ќе имате расположлив приход за инвестирање.
- Едуцирајте се и започнете да ги разбирате вашите инвестиции и начинот на кој генерираат приход, затоа што вашите идни финансии се директно поврзани со тоа.
- Бидете трпеливи со вашите инвестиции.
- Инвестирајте редовно и долгорочно. Во моментот кога ќе го добиете вашиот приход, одвојувањето 10% и вложувањето во инвестиции е еден од најдобрите начини да се осигурате дека трошите помалку отколку што заработувате, а истовремено стекнувате навика да инвестирате редовно.
Започнете со инвестирање на https://p2p.mk/
Р2Р позајмување (eng. peer-to-peer lending) може да се дефинира како директно финансирање помеѓу поединци без никакво посредување на финансиски институции (банки, факторинг друштва и сл). Посредник е самата платформа или веб сајт која директно ги поврзува примателите на заем со инвеститорите.
p2p.mk e дел од првата “Crowdlending“ платформа во Македонија – Goldmen Capital, која во последните неколку години бележи огромни успеси во полето на финансиско посредување.
p2p.mk е сигурна и стабилна “peer to peer” платформа на која што може да инвестираат и поединци и компании во потрошувачки кредити кои ги обезбедуваат кредитни друштва.
Комерцијален текст