Огромен дел од населението се соочува со проблеми поврзани со проширени вени.
Почетокот на проширени вени е бавен и се манифестира главно со непријатност во нозете, се карактеризира со мала вкочанетост, пецкање, убод, грчеви и чувство на тешки нозе. Овие симптоми се јавуваат по подолго стоење, висок физички напор или долга положба на седење. Кај жените, овие појави може да бидат потешки за време на менструалниот циклус или за време на бременоста.
Проширените вени личат на проширени, синусни венски "колони" кои првично се појавуваат во горниот дел на ногата.
Проширените вени се лесно воочливи со голо око и се лесно испакнати над кожата.
Широки се приближно 2-4 mm. Обично имаат сина или зелена боја, може да бидат поврзани со болка или чувство на тежина во нозете.
Но непријатниот изглед не е единствениот проблем, проширените вени можат да бидат и доста болни, па да создадат и чести непријатности, и во одредени случаи може да доведат и до посериозни проблеми.
Статистиката вели дека приближно 40% од популацијата во одреден период од животот се соочува со овој проблем, а тој е доста почест кај жените.
Во неколку направени студии било забележано дека возраста и бременоста се меѓу најважните ризик фактори за развивање на хронична венска болест.
Но, освен овие фактори, тука е и генетиката, за која се покажало дека е примарна причина за проширени вени и развој на хронична венска болест. Доколку двајцата родители имаат хронична венска болест, кај нивните деца постои 90% шанса да ја развијат оваа болест.
Згрутчувања на крвта, дебелината, физичка неактивност, пушењето, долгите периоди на стоење или седење,повреда (скршена коска) или голема операција на нозете или стапалата, исто така претставуваат релевантни фактори кои придонесуваат за појавата на проширени вени.
Проширените вени доколку соодветно и навремено не се третираат, може да доведат до посериозни компликации, како појава на кожни рани (венски улцери), вообичаено блиску до зглобот. Ваквите рани многу тешко заздравуваат. Можна е и појава на згрутчување на крвта, како и воспаление на зафатената вена (суперфицијален тромбофлебит).
Тромбофлебитот вообичаено се појавува на површинската вена, но можно е да се прошири и на длабоката вена, па да стане посериозен клинички проблем.
Дијагнозата на проширените вени се поставува со лекарски преглед, кој е потполно безболен и има за цел проверување на функционалноста на венските клапи, како и проверка за евентуално постоење на тромботична маса во зафатената вена.
За да спречите проширени вени, најдоброто нешто што можете да направите е да ја одржувате нормалната циркулација во нозете.
Избегнувајте носење тесна облека што може да го блокира протокот на крв во нозете. Контролирајте ја вашата тежина за да спречите задржување на водата и вишокот килограми. Правете вежби за циркулација на крвта во нозете. Избегнувајте високи потпетици кои можат да извршат притисок врз нозете. Внесувајте најмалку 2 литри вода на ден за да го одржите телото хидрирано и да избегнете задебелување на крвта во вените.
Флебавен ефикасно ги ублажува симптомите, се зема перорално и се користи за да се запре прогресијата на хроничната венска болест и за да се спречат компликациите кои ги придружуваат нејзините први знаци и симптоми (т.е. болка во нозете, чувство на тежина во нозете, немирни нозе). Достапен е без рецепт во аптеките и може да се зема без консултација со лекар.
Ако имате изразени клинички знаци на хронична венска болест, особено на крајот од денот (на пр. оток на нозете, проширени вени, едем на нозете), треба да се консултирате со вашиот лекар. По консултација, вашиот лекар може да ве упати кај специјалист (флеболог, васкуларен хирург, трансфузиолог) за дополнителни испитувања.
За повеќе информации и податоци за ФЛЕБАВЕН прочитајте на следниот линк:
Комерцијален текст