Почетна » Новости » Промо » „ПРОМОТИВЕН ДЕПОЗИТ ПРОГРЕС“ - растечки и гарантирани каматни стапки за депозити во евра на 24 месеци

„ПРОМОТИВЕН ДЕПОЗИТ ПРОГРЕС“ - растечки и гарантирани каматни стапки за депозити во евра на 24 месеци

Традиционално во октомври, месецот на штедење, Шпаркасе банка АД Скопје подготви атрактивна понуда за своите клиенти што сакаат да штедат во евра.

Имено, сè до 30 ноември 2021г., клиентите што ќе ја одберат опцијата Депозит прогрес, добиваат одлични поволни услови за штедење во евра со растечки каматни стапки и можност за дополнителни вложувања.

Шпаркасе банка

Овој промотивен производ нуди фиксни каматни стапки, кои прогресивно растат по периоди, така што клиентите што ќе се одлучат за девизен Депозит прогрес на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка и до 1,30% во последниот период од орочувањето.

Каматните стапки, по периоди, изнесуваат како што следува:

  • I – период (од 1-ви до 6-ти месец) – 0,50%
  • II – период (од 7-ми до 12-ти месец) – 0,80%
  • III – период (од 13-ти до 18-ти месец) – 1,10%
  • IV – период (од 19-ти до 24-ти месец) – 1,30%
Шпаркасе банка

Минималниот износ на влог изнесува 250 евра, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност.

Минималниот износ на дополнителните уплати изнесува 50 евра.

Со промотивниот Депозит прогрес, колку подолго штедите, толку повеќе се зголемува каматната стапка, односно таа расте паралелно со периодот на орочување.

Повеќе информации за производот може да се најдат на веб-страницата на Банката https://bit.ly/3aYq2if или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19689 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.