Почетна » Новости » Промо » Промовирано ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“

Промовирано ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“

Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ и Халкбанк АД Скопје, во октомври – месецот на штедењето, го промовираа ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“ работена целосно со еколошки бои и на еколошка хартија.

Настанот се одржа во Музејот на град Скопје каде што беа изложени и оригиналните илустрации од авторот Трајче Павлов, а беше одржана и креативна ликовна работилница за деца.

Сликовница Халки Сликовница Халки

„Сликовницата на Халки“ е дело во кое слончето Халки на децата им го доближува процесот на правењето сликовница – од идеја до печатница. Притоа, Халки потсетува и на важни пораки дека сите деца се исти, а читањето е една од најважните навики што можеме да ги стекнеме во детството - подвлече Сребра Ѓорѓијевска, новинар и претставник на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“:

„Добродушното слонче ги учи децата да ја сакаат книгата, да ги сакаат своите другарчиња, да не ги избираат според неважни работи, но само според желбата за дружба и за делење убави работи. Халки и Литера се во мисија да ја вратат желбата за читање кај новите генерации. Ние не сме против технологијата, но не смееме да ја заборавиме најубавата и најважната навика и за малите и за големите - читањето“ - рече промоторката Ѓорѓијевска.

Сликовница Халки

За важноста Халки да им се доближи на децата токму преку книга, говореше и Маја Наумовска од Халкбанк АД Скопје која истакна:

„Во рамките на општествената одговорност нашата банка последните две години е насочена кон два клучни аспекта - подигнувањето на свеста за животната средина преку платформата Халк Еко, како и едукацијата на најмладите преку ликот на Халки, заеднички проект со фестивалот Литера. На децата сакаме да им ја доближиме можноста да читаат квалитетно содржини со теми од екологијата, инклузијата, создавањето навики за штедење од најмала возраст итн. Овој пат, со „Сликовницата на Халки“ ја промовираме и хуманоста“ - истакна Наумовска.

Сликовница Халки

Сликовницата ќе се продава исклучиво онлајн преку QR код што води до галеријата Frida.mk. Собраните средства целосно ќе бидат донирани на С.О.С Детско село - Скопје.

Сликовница Халки

За задоволството да се биде дел од синџирот на добрината на Халки, како и за важноста на индивидуалната и општествена филантропија, говореше националната координаторка на СОС Детско село Јулијана Накова Гапо, која потенцираше:

СОС Детско село во моментов згрижува 58 дечиња на возраст до 15 години, 28 младинци средношколци и 150 деца во социјално загрозени семејства. Се заблагодаруваме што нашата мисија „Топол дом и грижа за секое дете“ ќе биде поддржана преку продажбата на „Сликовницата на Халки“

Сликовница Халки

Љубов, другарство и инклузија се носечките теми на сликовницата кои и се дел од работењето на СОС Детско село бидејќи секое дете заслужува топол дом и грижа.

Во интерактивниот дел децата се дружеа со маскотата Халки и цртаа цртежи на тема: љубов, толеранција, штедење и инклузија.

Настанот е во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“, основач на фестивалот „Литера“.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20978 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.