Брзо исушена и совршено обликувана мазна коса која не е оштетена од топлината е најголемиот тренд оваа пролет. А Philips ги носи врвните светски трендови во„Нептун“ преку најиновативните пегли за коса и фенови со ThermoShield технологија.
Моќните фенови за коса Philips 5000 Series овозможуваат многу брзо сушење на косата со врвна заштита од оштетување благодарение на иновативната технологија со минерални јони. Двојната јонска нега го намалува површинското оштетување на косата предизвикано од УВ-зраците и го засилува нејзиниот сјај спречувајќи го разлетувањето. Вградениот сензор ја оптимизира и контролира температурата на топлиот воздух со што не дозволува прегревање и оштетување на влакното. Овие фенови имаат пет различни поставки за топлина и брзина преку кои овозможуваат прецизна контрола на сушењето, како и поставка за ладен воздух која обезбедува совршен проток со кој ќе ја финализирате и задржите посакуваната фризура.
Иновативната технологија ThermoShield со минерални јони е вградени и во пеглите за коса Philips 5000 и 7000 Series кои овозможуваат обликување на косата со помалку оштетување. Негативно наполнетите јони го елиминираат електрицитетот, додека минералните јони го намалуваат негативното влијание на УВ-зраците врз косата. Резултатот е здрава, мазна и сјајна коса која не се разлетува. Керамичките плочи на пеглата збогатени со арганово масло овозможуваат и до 50% побрзо обликување на косата, давајќи и свиленкаст и мазен изглед.
Пролетното разубавување во „Нептун“ веќе започна. Голем број жени викендов во продажниот салон на „Нептун“ во Ист гејт мол уживаа во вештините на познатиот стилист Бојан Сејменоски кој им овозможи прекрасни пролетни фризури благодарение на иновативните фенови и пегли за коса на Philips. Задоволството од финалните резултати беше очигледно.
Повеќе информации за овие фенови и пегли за коса може да најдете на линкот
Комерцијален текст