Почетна » Новости » Промо » Придонесот на жените во обликувањето на успехот и поттикнувањето на иновациите е непроценлив

Придонесот на жените во обликувањето на успехот и поттикнувањето на иновациите е непроценлив

Шпаркасе Банка АД Скопје, како водечка финансиска институција, го препознава непроценливиот придонес на жените во обликувањето на успехот на организацијата, како и во поттикнувањето на иновациите. Катерина Јанковиќ - Директор на сектор население во Шпаркасе Банка, е инспирација и одличен рол-модел за идните професионалци, кои сакаат да остават свој кариерен белег.

Катерина Јанковиќ

„Би била неискрена доколку кажам дека ние жените сме посебни, или пак подобри лидери, во однос на спротивниот пол. За мене лично, апсолутно не е важно дали станува збор за жена, или пак маж, сѐ до оној момент додека поединецот успешно ги реализира целите, придонесува во развојот и напредокот на компанијата, негува добри релации, засновани на почит и доверба со колегите и ужива во тоа што го работи. Жените носат поинакви вештини, компетенции и квалитети, коишто се корисни на менаџерската маса. Родовата разновидност во лидерските тимови, води до подобро одлучување, подобрување на финансиските перформанси, пред сѐ поради различниот пристап и надополнувањето“ - изјавува Јанковиќ.

Јанковиќ верува дека желбата за подобра иднина е камен темелник на личниот и општествениот просперитет, а нејзината страст за позитивно влијание во животите на луѓето, ги поттикнува нејзините иницијативи во Шпаркасе Банка.

Катерина Јанковиќ

„Важно е жените да ја препознаат сопствената вредност, способности и потенцијал. Тие треба да се фокусираат на нивните силни страни, вештини и искуства, коишто ги прават квалификувани за лидерски улоги. Шпаркасе Банка сѐ повеќе ја препознава важноста на родовата различност и активно го промовира развојот на женското лидерство. Нашата банка нуди различни програми и иницијативи за поддршка на жените во унапредување на нивните кариери и достигнување лидерски позиции, а за нас жените од суштинско значење е да ги искористиме овие можности, да ги прифатиме предизвиците и да имаме доверба во своите способности. Лидерството е вроден талент на којшто му е потребна нега и пракса, за да избие во општеството и да се позиционира на лидерско место. А тука нема никакво ограничување со полот. Токму затоа, силно верувам дека со сѐ почесто преземање на лидерски улоги, жените придонесуваат во обликувањето на успешните организациски системи и поттикнување на силна инспирација за идните генерации на жени лидери“ - дополнува Катерина Јанковиќ.

Шпаркасе Банка е горда банка со разновиден лидерски тим од жени кои носат богато искуство и уникатни перспективи во нивните улоги, придонесувајќи за севкупниот успех и угледот на банката.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19689 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.