Почетна » Новости » Промо » Повторно заедно на интерактивни и иновативни детски претстави во Мој театар - Сити театар

Повторно заедно на интерактивни и иновативни детски претстави во Мој театар - Сити театар

Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека започнува четвртиот циклус на иновативни претстави, кои ќе се одржуваат секоја недела во рамки на „Мој театар - Сити театар” запонувајќи од 26.02.2023 година.

Во текот на изминатите 3 циклуси на Сити театарот успеавме заедно со нашите посетители преку купување на билет да ја покажеме нашата хуманост, а со тоа придонесуваме за повеќе детски насмевки.Затоа и овој пат, ќе се погрижиме нашите посетители да имаат незаборавно доживување за сите сетила во нашиот и Ваш Сити театар.

Сити театар

Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко - драмски претстави, наменети за деца од 3 - 10 годишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички можности, со ласерски анимации и слично, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и биде дел од самите претстави. Ветуваме прекрасни моменти и уживање во најголемата сала во Синеплекс.

„Честопати посетителите прашуваат: “Зошто се создаде Сити театар? - Бидејќи нашите посетители го побараа тоа од нас. Сите досегашни циклуси на претстави беа во целост распродадени, што е доволен показател за нивниот квалитет и потреба. Затоа ние ќе продолжиме да се трудиме да ги задоволиме сите потреби, секојдневно да се надградуваме и бидеме во чекор со времето и реномето на нашиот мол, кој секогаш се труди да обезбеди максимални услови, добра организација и пред се добра културна програма особено за најмладите.“

„Нашата интенција е да овозможиме редовни културни манифестации со иновативен концепт на делување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме средства кои дел од нив ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели. Од претходните 3 цуклуси се собраа 250,000 денари кои беа донирани вoздружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа".

„Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде "Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме" - изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19687 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.