Божиновски часовници и накит одлучи триесетгодинината од независноста на Македонија да ја обои со впечатливи уникатни дизајни на Swatch часовници, дизајнирани од македонски дијзанери и уметници, и со тоа да се вброи во само неколкуте земји во светот кои ќе успеат да направат локален дизајн.
„Во година во која одбележуваме триесет години на вистински тобоган од чувства и емоции, заеднички победи и порази, на еден заеднички пат исполнет со бројни предизвици и искушенија, решивме на тие 946 080 000 заеднички секунди позади нас, да им дадеме силен печат со наши македонски бои, македонска инспирација и македонска егзекуција, притоа користејќи го швјцарскиот часовничарски бренд „Swatch“ како „платно“, или медиум на кого нашите уметнички виртуози ќе го изразат својот вонвременски талент“ - велат од Божиновски часовници и накит при што дадаваат: „Тоа е најмалку што можеме да направиме за модерната уметност и оние творци кои со крајни напори издржуваат во овие турбулентни 30 години.“
Swatch од 1985г. ја заматува границата помеѓу уметноста и часовничарството. Нивната посебна линија Swatch and Art вбројува лимитирани часовници од Францускиот уметник Kiki Picasso (1985г.) Keith Haring (1986г.) Alfred Hofkunst (1991), дизајнерката Vivienne Westwood: 1992/’93, американскиот фотограф David LaChapelle (2000Г.), парискиот уметник Stephen Dean (2002г), францускиот дизајнер и рапер Grems (2009г.), Американскиот моден дизајнер Jeremy Scott (2011г.), Англискиот уметник и колекционер Damien Hirst ( 2018г.)…и повторно Keith Haring ( 2021г.)
Симболично лимитиран во само 30 парчиња, првиот македонски Swatch часовник ќе носи едно од неколкуте уметнички решенија предложени од наш познат дизајнер и ќе се појави точно на осми септември – на јубилејната прослава на независноста на Македонија, а во периодот кој следи, бројни македонски дизајнери, илустратори и уметници ќе имаат можност својот израз да го покажат на Swatch часовник и со тоа симболично да си посакаме времето кое доаѓа пред нас да биде повесело и пошарено исто онака каков што е стилот на швајцарскиот часовничарски бренд.
Во изборот на автори кои ќе добијат можност да дизајнираат часовници како и во повеќето идејни решенија ќе учествуваат и клиентите на Божиновски часовници и накит кои се дел од Лојалната Програма со цел најпрецизно да се погоди емоцијата и нијансите кои овие триесет години беа релевентни за сите нас.
„Времето секогаш е симбол на надеж и верба, а ние како бренд веруваме дека изминативе 30 години без разлика на предизвиците во Македонија споделувавме и поддржувавме прекрасни уметнички изрази на индивидуалци кои преку нивниот талент со нас споделуваа искрени чувства и емоции. Преку оваа платформа на сите тие луѓе сакаме да им дадеме еден вид на признание и мотив да продолжат да ја шират позитивната и креативна енергија, но исто така и да ги мотивираме младите автори да го следат сонот и да ја пронајдат својата публика“ - потенцираат од Божиновски часовници и накит.
Комерцијален текст