Почетна » Новости » Промо » Ноќна шопинг екстраваганција во East Gate Mall - мохито, латино музика и изненадувања!

Ноќна шопинг екстраваганција во East Gate Mall - мохито, латино музика и изненадувања!

За сите љубители на шопинг, забава и одлична музика, East Gate Mall на 22 јуни, четврток организира шопинг до полноќ. Трговскиот центар го продолжува своето работно време од вообичаено сѐ со цел посетителите да уживаат во забавата и поинакво шопинг искуство.

Late Night Shopping се организира петти пат по ред откако трговскиот центар ги отвори своите врати за посетителите во октомври 2021 година.

East Gate

„Шопинг до полноќ не е само настан, туку е наша посветеност да го револуционизирамеискуството на посетителите. Секогаш се трудиме и целиме да ги надминеме очекувањата на посетителите особено кога се работи за големи попусти и промоции од страна на компаниите кои се дел од портфолиото во центарот. Со продолженото работно време и дополнителната забава сакаме да го промениме вообичаеното искуство на шопинг и да создадеме една уникатна забава која секоја година е со различни концепти” – велат од менаџментот на трговскиот центар.

Придружете ни се во четврток, 22 јуни на шопинг до полноќ како никогаш досега со попусти и промоциите во целиот трговски центар, мохито забава, латино музика и изненадувања! Сите информации за попустите може да се погледнат на веб страницата на трговскиот центар: eastgatemall.mk

East Gate Mall е најголемиот и најмодерниот трговски центар во нашата земја и еден од најголемите центри во регионот каде на едно место може да се најдат најголемите интернационални и домашни брендови. Со повеќе од 250 брендови на 160.000 м2, центарот е уникатно искуство за секој посетител.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19693 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.