Почетна » Новости » Промо » Компанијата Виолета донира хигиенски производи

Компанијата Виолета донира хигиенски производи

Вонредната состојба предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19 ги зафати сите сектори, особено здравствениот, не само во регионот туку и во целиот свет.

Исто така, побарувачката за производи за хигиена стана далеку поголема од вообичаената, па затоа е важно компаниите и брендовите вклучени во производството на овие производи да ја препознаат потребата и да помогнат таму каде што е најпотребно.

Водејќи се од ова, компанијата Виолета одлучи да поддржи дел од здравствените установи со тоа што ќе донира хигиенски производи од својот асортиман.

Донации од компанијата Виолета

Донациите се наменети за Клиниката за инфективни болести во Државната болница во Скопје, која ќе добие резерви од течен сапун, хартиени брисачи, тоалетна хартија и медицински ролни.

Покрај тоа, донација има и за родилиштата Мајка Тереза Чаир и Државната болница за Гинекологија и акушерство Скопје, каде покрај тоалетна хартија, хартија за раце, течен сапун и медицински ролни ќе бидат поделени и пелени и влажни марамчиња за бебиња.

Донации од компанијата Виолета Донации од компанијата Виолета

Компанијата Виолета, познато е од претходно дека соработува со родилиштата каде секое новороденче добива пелени и влажни марамици од овој бренд.

Донации од компанијата Виолета Донации од компанијата Виолета

Од компанијата Виолета порачуваат дека е важно да имаме друштвена одговорност, но и одговорност како индивидуи, бидејќи сега е ситуација кога можеме сите да придонесеме и да помогнеме.Треба да ги подржиме нашите вистински херои кои работат во здравството и секој ден се борат на фронтот, ако ништо друго да ги почитуваме мерките за безбедност и да внимаваме на себеси и луѓето околу нас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19707 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.