Почетна » Новости » Промо » Имате масна и кожа склона кон акни, каква заштита од сонце ви е потребна?

Имате масна и кожа склона кон акни, каква заштита од сонце ви е потребна?

Без оглед на возраста, секоја кожа има потреба од заштита од сонце, посебно кога нашата кожа сè уште не е навикната на силните сончеви зраци. Сончевите денови отсега ќе ги има сè почесто, а тоа значи дека навреме треба да си обезбедите квалитетна заштита за вашата кожа. Но, знаеме колку знае да биде тешко да се одбере производ кој ќе обезбеди вистинска заштита, ќе биде пријатен за кожата, нема да предизвикува лепливи траги и остатоци и пред сè да биде практичен за употреба. На првото појако сонце, најзасегнати сe две групи.

Eucerin

Првата група се најмалите, бидејќи природните заштитни механизми во нивната кожа се сѐ уште неразвиени и потребно е да ги заштитиме со соодветна облека, доволно течности и производ за заштита од сонце адаптиран за чувствителната детска кожа. Втората засегната група се луѓето склони кон хиперпигментни промени на кожата. За нив и за сите останати кои сакаат да се заштитат од предвременото фотостареење, научниците од Eucerin креираа специјална линија на производи за нега на кожата на лицето, со која максимално ќе се одложи фотостареењето на кожата.

За оние кои имаат масна кожа и кожа склона кон акни го предлагаме Eucerin® Sun Oil Control Tinted гел-крем за заштита од сонце кој ефикасно ја заштитува и негува чувствител¬ната кожа. Не остава масни траги и има мат-ефект на кожата против масен сјај до 8 часа. Достапен е во две нијанси (светла и потемна) а со него се постигнува рамномерен и природен тен на кожата. Новиот Eucerin® Sun Oil Control Tinted гел-крем за заштита од сонце за тело DRY TOUCH содржи највисока заштита од сонце со Advanced Spectral Technology од Eucerin®, којашто ги комбинира анти¬оксидантот ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали предизвикани од УВ-те зраци и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, со глициретинска киселина чијашто улога е да ги помага сопствените механизми за обновување на ДНК на кожата.

Производот не е масен, не е леплив и не остава бели траги. Се апсорбира во кожата за неколку секунди. Перфектното решение за сите коишто не ги сакаат стандардните креми за заштита од сонце.

Eucerin

За нега на кожата по 30-тата година, се препорачува иновативниот Eucerin®SUN Anti-age крем-флуид кој ја заштитува кожата од сонце и истовремено се бори со постоечките брчки, благодарение на додадената хијалуронската киселина во него.

Уживајте во благодетите на сонцето!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19684 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.