Позитивниот став е како совршена шолја кафе - не почнувајте го денот без него! Сигурно на секој од вас му е познато она чувство на будење со желба да преспиете уште малку, па макар само уште 5 минути. Сепак, пред вратите веќе ве чека новиот ден, полн со различни предизвици и затоа - насмевка на лицето и започнете го денот полни со елан! Затворете ги очите само на кратко, вдишете длабоко и помислете на шолја од вашето омилено кафе, на она со неодолива арома и полн вкус, кое ви пружа уживање со секоја голтка. Баш таа шолја од вашиот незаменлив пијалак ќе ви ја пружи неопходната доза на енергија и мотивација секое ново утро. Гушнете ја како ваш најдобар пријател кој набрзина ќе ве освести и ќе ве размрда.
Дали знаете дека токму тие први утрински минути се од непроценлива важност за квалитетот на остатокот од денот? Бидејќи, колкупати сте слушнале некој да каже или пак колкупати вам ви поминало низ глава дека денот не е баш најдобар бидејќи сте станале „на лева нога“? Ниедна комбинација на облека не е доволно добра, има метеж во сообраќајот, се нервирате бидејќи доцните - има тука уште еден куп работи за кои би можеле да негодувате. Сепак, често работите не се толку лоши како што понекогаш се чинат. Опуштете се и наоружајте се со позитивна енергија и верувајте дека вашата перспектива на гледање на сите предизвици ќе се промени во целост.
Ако сте во гужва, застанете на момент и повикајте некоја драга личност, на која вашиот повик ќе ѝ измами широка насмевка. Кажете им на пријателите дека ги чекате на вашето заедничко место по крајот на работното време. Одвојте време за она што е навистина важно во секој ден - како што секогаш одвојувате време за онаа утринска шолја свежо мелено Гранд кафе која ја пиете на мира, онака како што најмногу ја сакате и кога најмногу се опуштате. Кога ќе го подготвите кафето и целиот дом ќе замириса, за момент сѐ магично застанува, нели? Веќе при првата голтка ќе почувствувате благодарност за сите оние моменти на уживање во совршената хармонија на заводлив мирис и вкус, која ги обзема сите ваши чувства.
Откако шолјата кафе ве разбуди и откако ќе се наполните со позитивна енергија, ќе ги разбистрите и организирате вашите мисли, ќе ви биде многу полесно да зачекорите во денот. Разбудени, по кафето, одвојте барем уште 15 минути за активности кои дополнително ќе ве подготват за фаќање во костец со дневните обврски. Направете неколку вежби за истегнување, истуширајте се или напијте се уште неколку голтки кафе - и ќе бидете спреми и расположени да го започнете денот.
Со таков став, не се сомневаме дека ќе бидете победници во секој ваш ден и ќе го извлечете најдоброто од него. Континуитетот е исклучително важен, затоа внимателно бирајте ги своите ритуали, како би го започнале утрото на вистинскиот начин. Будење, ѓезвето на рингла, насмевка на лицето и секој ден со сигурност ќе биде добар!
Комерцијален текст