Почетна » Новости » Промо » Ајде да имаме време за разговор, смеа и нови спомени

Ајде да имаме време за разговор, смеа и нови спомени

Нејзината насмевка секогаш ви го прави денот поубав, но по некое време веќе не сте сигурни кога последен пат сте ја виделе. Разговорите со пријатeлите секогаш знаат да ве расположат, но сфативте дека поминаа недели од последниот разговор со нив. И понатаму го чувствувате оној препознатлив мирис на бабините гибаници, но ги немате јадено уште одамна… Дали сѐ почесто се наоѓате во ситуација самите на себе да си го поставите прашањето - дали навистина немам доволно време за луѓето кои ми се драги?

Одговорот е дека веројатно денешницата ни диктира многу брзо темпо и поради него често погрешно ги поставуваме приоритетите. Од секојдневните обврски забораваме да посветиме време на семејството и на пријателите и да уживаме на малите работи кои нас вистински нѐ исполнуваат. Работите кои во суштина ќе бидат оние кои ќе ни останат во искрено и добро сеќавање. Затоа седнете. Земете здив. Ако мислите дека немате доволно време, сетете се дека времето е сѐ што имате (зарем не?), па искористете го паметно.

Гранд кафе

Најдете време за стариот, добар и искрен разговор со драгите луѓе. Сите некаде брзаме, заборавивме да разговараме, а преку разговор со некого можеме да споделиме сѐ - и радост и тага, и смеа и спомени. Уште ако разговорате додека пиете кафе, полни со разбирање и со топли, искрени зборови кои на сите нам ни се потребни - не постои подобро поминато време од ова. Додека разговарате, најдете барем една причина за смеа бидејќи знаете како велат - од насмевки никогаш доста. И навистина, не се вели залудно дека смеата е лек за душата, а за луѓето кои често се смеат дека се посреќни и дека живеат подолго. Она што е најважно - смеата е интернационален јазик и претставува катализатор за поврзување меѓу луѓето. Баш како и вашиот омилен црн пијалак.

Секое дружење, секој разговор и сите оние убави моменти со драгите личности создаваат спомени за цел живот. Тие се тука да нѐ потсетуваат на најубавите моменти од времето поминато заедно - моментите на славје кога го положивме последниот испит, денот кога првпат пиевме кафе со пријателите во средно или одењето на село во посета на бабите и дедовците во раното детство. Затоа повикајте ја онаа пријателка која ја немате видено одамна и помуабетете, па макар и виртуелно испијте по едно Гранд кафе и потсетете се на убавите моменти. Повикајте ја баба за да поразговарате малку со неа и повторно да го почувствувате оној мирис на свежи гибаници. Низ насмевка, таа нека ви ја открие тајната на совршеното тесто за гибаници и преку нејзиното искуство нека ви покаже како да го зачините животот со моменти кои се памтат, баш онака како што таа прави сиот свој живот. Или едноставно, како некогаш, повикајте ги комшиите на дружење со кафе и колачи во дворот. Насмевнете се на самите себеси секое утро. Оставете го телефонот барем на некое време и бидете навистина присутни кога се дружите со вашето семејство.

Ајде да имаме време за нашите најдраги и заедно со нив да разговараме, да се смееме и да создаваме нови спомени! Одлучете секој ден да одвоите малку време за она што е навистина важно. И тогаш кога ќе решите дека е неопходно дел од денот да „украдете“ само за себе, да ги соберете мислите и да ги преуредите приоритетите, ставете вода во ѓезве и направете едно домашно Гранд кафе, препуштете се на неговиот мирис и полн вкус и едноставно уживајте во ритуалот кој го прави тој момент, па и целиот живот поубав. Таа една совршена шолја кафе може да биде вашата идеална доза на мир, опуштеност и среќа, смеа и разговор со саканите луѓе. Ако во сето ова уживате, макар и на кратко, со себе, со семејството и пријателите, тогаш вашето време сте го искористиле на најдобар можен начин.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19702 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.