Започна најновата хуманитарна кампања на Нептун Македонија и СОС Детско село.
Нептун продолжува статешки и континуирано да ја поддржува работата на СОС Детско село заедно со своите потрошувачи овој пат со цел да обезбедат сигурна иднина на младите без родителска грижа.
Сите купувачи во Нептун продавниците во периодот од 01 декември до 31 декември 2022 година ќе можат да се приклучаат во семејството поддржувачи на СОС Детско село преку иновативен начин на донирање. Секој купувач ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира за СОС Детско село со износ по свој избор во рамките на сметката.
Ги покануваме сите купувачи на Нептун заедно да овозможиме сигурна иднина на младите без родителска грижаи да менуваме животи на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село.