Почетна » Новости » Промо » За сигурна иднина: 12 причини зошто треба да започнете да штедите уште од денес

За сигурна иднина: 12 причини зошто треба да започнете да штедите уште од денес

Штедењето пари е една од најдобрите навики која треба да ја има секој од нас, без разлика колкава сума заработува или колку години има.

Поседувањето пари „настрана“ може да ви го олесни животот на многу начини, може да ви го намали стравот од неизвесната иднина, да ве заштити во итни случаи, да ви помогне да ги избегнете долговите, да ви го намали стресот и да ви даде финансиска слобода.

Можеби се прашувате зошто е толку важно да штедите пари во банка кога во моментот заработувате доволно средства за да платите за сè што ви е потребно. Одговорот е затоа што не знаете што носи иднината.

Ова се само некои причини зошто треба да започнете да штедите уште денес:

  1. Патување од соништата. Сакате да проследите во живо концерт на вашиот омилен пејач во Виена? Копнеете да се качите на Ајфеловата кула во Париз? Или пак можеби сонувате за одмор на Малдиви? Парите ќе ве одведат до посакуваната дестинација.
  2. Патување
  3. Значајни животни настани. Животот изобилува со позитивни настани како свадби или раѓање дете. Колку и да звучат убаво, овие настани не се евтини и носат големи трошоци. Прашајте ги новите родители колку потрошиле додека се подготвувале за доаѓањето на нивното малечко на овој свет. Многу е важно да имате заштеда во моментот кога вашето дете ќе ви каже дека планира да го изговори судбоносното „Да“, кога ќе ги видите двете црвени линии на тестот за бременост, или пак кога ќе одлучите дека сакате нов дом.
  4. Фонд за итни случаи. Една од најважните причини за да започнете да штедите е создавањето на ваков тип на фонд кој ќе ве „спаси“ во случај на непредвидени трошоци и ќе ви помогне да спречите некоја лоша ситуација да стане уште полоша. „Итниот случај“ може да биде и позитивно случување, како непланирано патување, но во секој случај, ќе ви се неопходни „екстра пари“.
  5. Спокојство. Преголем дел од луѓето се будат и си легнуваат со финансиски грижи. Колку повеќе штедите, толку повеќе ќе исчезнуваат главоболките. Парите ви помагаат да си го намалите финансискиот стрес и да пронајдете мир.
  6. Семејство
  7. Слобода. Имањето пари „настрана“ значи ослободување од финансиските стравови, од долговите, од принудата да правите нешта кои не ги сакате и значи живеење на живот по ваши правила.
  8. Шанса за амбициите. Многу луѓе се заглавени на работно место кое не ги исполнува само затоа што ја немаат финансиската слобода да дадат отказ и да се насочат кон нешто што го сакаат. Ако имате доволно голема заштеда, нема никаква причина зошто да трпите нешто што не го сакате. Замислете си да можете да си ја дадете шансата да правите што и да посакате во моментот без да се чувствувате заглавени, како основање на сопствен бизнис.
  9. Сигурна иднина. Никој од нас не може да ја предвиди иднината и да знае што ни носи таа. Ако денес заработувате многу пари, никој не ви гарантира дека тоа ќе биде случај и по 5 или 10 години. Имањето добра заштеда може да ви ја даде потребната финансиска сигурност. Колку е поголема вашата заштеда, толку поголема сигурност ќе имате.
  10. Образование за вашите наследници. Образованието на децата е скапо, особено високото образование. Добро е да започнете да штедите за него уште пред или по раѓањето на вашите бебиња.
  11. Ослободување од долгови. Мразите кога должите пари некому или кога треба да позајмувате? Ако имате заштеда, нема да трошите туѓи пари, а потоа да имате главоболки додека да ги вратите, туку ќе имате свој буџет кој треба да го менаџирате.
  12. Големи купувања. Од автомобил или скутер, до мебел или нов дом... Скапите нешта некогаш се забавни, но понекогаш се неопходни. Кога имате пари на располагање не само што можете да си ги дозволите и двете, туку можете и да изберете да ги купите во моментот кога има намалување или да преговарате за пониска цена при плаќање во готово.
  13. Семејство
  14. Уживање во пензионерските денови. Зошто во трето доба од животот да се грижите за пари кога конечно можете да уживате во целосната слобода? Ако штедите во најпродуктивните години од животот, ќе можете да имате весели пензионерски денови. А зошто да не и авантури на омилените дестинации?
  15. Наследство за идните генерации. Никој од нас не сака да му биде товар на семејството и зад себе да остави долгови. Напротив, сите сакаме да оставиме барем мало наследство кое ќе им помогне на помладите членови од семејството полесно да се справуваат во животот, но и ќе ги научи на важноста на штедењето.

Октомври е месец посветен на штедењето и е идеален период за да направите план како да ја полните банкарската сметка.

*Промо депозитот на Халкбанк со најдобри каматни стапки во промотивниот период од 01.10 до 31.10.2021 год. може да ви помогне да си обезбедите сигурна иднина.

Минималниот износ на вложување е 30.000 денари, а каматата е фиксна и се исплаќа на крајот на периодот на орочување. Аплицирај онлајн на следниот линк: Македонски - Аплицирај on-line (halkbank.mk)

Штедење

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19688 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.