Почетна » Новости » Промо » За подобра хидратација: НОВО! Eucerin Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел

За подобра хидратација: НОВО! Eucerin Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел

Ја хидрира кожата моментно и интензивно во следните 24 часа!

Добро хидрираната кожа има здрав и сјаен изглед. Но многу често се случува да имаме нарушена бариерна функција на кожата, што предизвикува водата да испарува и кожата да ја губи својата влажност, што води до сувост и појава на фини линии или брчки. За тоа влијаат многу фактори – на пример честото миење, прекумерното изложување на сонце, сувиот воздух во затворени премногу затоплени простории или пак едноставно напредувањето на возраста. Затоа кожата има потреба од ефикaсен хидратант, којшто ги содржи сите неопходни состојки за долготрајна хидратација, а кој кожата одлично го апсорбира. Што не е случај со некои креми кои оставаат масен или леплив слој на површината на кожата, и кои не се апсорбираат целосно во неа.

Eucerin

Со својата лесна текстура, новиот Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел интензивно ја хидрира кожата, а се апсорбира целосно и брзо. Ултралесната гел формула ѝ дава на кожата свежина и долготрајна хидратација. Содржи само 11 состојки, меѓу коишто е и хијалуронската киселина во 3 пати повисока концентрација. Формулата ја помага хидратацијата и ја пополнува кожата одвнатре, со што ги намалува и фините линии. Хијалуронската киселина е докажано ефикасна состојка и долго време се користи во дермокозметиката. Taa природно се создава во кожата, а овозможува одржување на нивото на влагата, привлекување и задржување на вода.

Ефикасна ултралесна гел-текстура наменета за сите типови кожа

Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел е погоден за секојдневна употреба за секој тип на кожа, вклучително и за чувствителна кожа. Се нанесува лесно, брзо се апсорбира и дава чувство за свежина, без да ја замастува кожата. Провидната формула е збогатена со активни состојки коишто ја хидрираат жедната кожа во следните 24 часа, а лесниот освежувачки мирис го дополнува освежувачкиот ефект.

„Тајната на ефикасноста на гел-бустерот се крие во комбинацијата од висококонцентрирана средно и кратковерижна хијалуронска киселина“, изјави Ан-Мари ван Геловен, постар медицински менаџер на Eucerin®. „Средноверижната хијалуронска киселина останува на површината на кожата и таму привлекува и задржува вода. Кратковерижната хијалуронска киселина продира подлабоко во епидермисот и ефикасно ја исполнува кожата одвнатре, што води до намалување на првите знаци на стареење“, вели овој експерт по дермокозметика.

Секојдневна употреба за добро хидрирана, свежа и сјајна кожа

Се препорачува да нанесувате Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел секојдневно како втор чекор во негата на Вашата кожа, на добро исчистена кожа, а пред производот за нега. Веднаш ќе ја почувствувате кожата хидрирана и освежена и ефектот ќе продолжи во тек на целиот ден. Со својата нелеплива формула, Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел е идеална основа за шминка. Ви препорачуваме да нанесете Hyaluron-Filler Дневен крем SPF 15 или 30 преку ден, за да ја заштитите кожата од непосредното влијание на сонцето и како заштита од фотостареење. Ако кожата Ви е особено дехидрирана, Ви препорачуваме да нанесете од подхранувачкиот Hyaluron-Filler Ноќен крем после нанесување на гел-бустерот.

Eucerin

Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел се предлага за:

  • Високоефикасна хидратација на кожата и пополнување на фините линии
  • За свежина и долготрајна хидратација на кожата

За линијата на производи Hyaluron-Filler

Кога кожата старее, нивото на природно произведената хијалуронска киселина во неа се намалува, а како последица на тоа започнува да се формираат површински фини линии и подлабоки брчки. Повеќето производи од клинички испитаната линијата Eucerin®Hyaluron-Filler содржат комбинација од хијалуронска киселина (со висока и ниска молекуларна тежина) и глицин-сапонин, којашто докажано го помага природното производство на хијалуронска киселина во кожата. За оние луѓе кои сакаат да се справат со фините линии и брчки, линијата Eucerin®Hyaluron-Filler комбинира моќен ефект на пополнување на брчките со одлична подносливост од кожата. Hyaluron-Filler Moisture Booster ја дополнува успешната линија Hyaluron-Filler со првиот производ на Eucerin во форма на ултралесна гел-текстура, којшто на кожата ѝ дава свежина и долготрајна хидратација.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19706 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.