По повод – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа.
Во рамките на платформата Sparkasse Life, која обединува корпоративни општествено одговорни практики во различни животни сегменти, а во согласност со принципите на работа на СОС Детско село, од денес преку кампањата „За повеќе детски насмевки“, започнуваат активностите поделени во неколку сегменти на дејствување.
Во периодот од 19.8.2022 до 30.9.2022, со секоја новоотворена депозитна партија од типот Штеден План, Детско Штедење, Депозит Прогрес или Депозит Плус, Банката ќе донира по 600 денари за потребите на СОС Детско село. Во рамките на оваа соработка се предвидени и волонтерски активности и индивидуални финансиски донации од вработените на Шпаркасе Банка, практика што е успешно прифатена и се спроведува веќе низа години со цел поттикнување на индивидуалната филантропија. Својата индивидуална поддршка во наредниот период ќе можат да ја изразат и сите клиенти на Банката, со директно донирање за потребите на СОС Детско село преку апликацијата за мобилно банкарство на Банката.
На овој начин Шпаркасе Банка ја изразува својата верба во заедницата, придонесува за подобар живот на многу деца без родители и семејства во ризик, влијае врз подигање на свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливи категории, поттикнува индивидуална филантропија, како и градење култура на солидарност и поврзување.
Крајот на кампањата ќе биде означен со завршниот настан, предавање на донацијата и садење садници во детското село, со што симболично ќе се означи новиот почеток и вложување во поубава иднина за сите деца на СОС Детско село.
Со оваа соработка Шпаркасе Банка го зацврстува својот имиџ и улога на општествено одговорна банка во Република Северна Македонија, за што говорат и многубројните национални признанија.
Комерцијален текст