Носот е дел од човековиот респираторен систем кој е задолжен за внесување на воздухот кој содржи кислород и за издишување јаглерод диоксид. Но за да се направи тоа, доволна би била дури и една едноставна дупка во нашите лица, но штом човековиот нос се развил во толку сложен орган, мора да постојат и други функции што тој ги врши. Навистина, човековиот нос е вреден инструмент, без разлика дали ја врши неговата главна улога или придонесува кон голем број други функции. Кои се тие?
Мирис
Човековиот нос е прецизен инструмент за мирис. Може да разликува над 1 трилион мириси. Како и кај животните, мирисот ни помага да најдеме храна, да избегнеме опасност, па дури да најдеме и пријатели. Ако храната мириса добро, тоа претставува сигнал за нашето тело дека таа може да се јаде; од друга страна, пак, мирисот на гнило претставува предупредување да не се јаде таа храна. Слично со тоа, нашиот нос може да нè предупреди за протекување на опасен гас за да можеме навреме да се евакуираме. За разлика од животните, мирисот за човекот е важен и за пронаоѓање на партнер. Мирисот на нашето тело влијае врз сексуалната привлечност и може да се случи да го намирисаме совршениот партнер за нас, наместо да одлучуваме врз основа на визуелен изглед.
Вкус
Носот, исто така, придонесува кон начинот на кој ги искусуваме вкусовите. Вкусот е комбинација од неколку сетила, вкусот на храната на јазикот и аромата што ја мирисаме со нашиот нос. Обидете се да го затнете носот и пробајте различна храна. Дали нејзиниот вкус е ист како кога носот не ви е затнат?
Прочистување на воздухот и одбрана
Друга важна функција на човековиот нос е прочистување на воздухот од мали честички. Во ноздрите има многу мали влакна кои, всушност, дејствуваат како филтер. Тие ги задржуваат прашината и нечистотијата од воздухот пред тој да навлезе во белите дробови.
Исто така, носот е важен дел од нашиот имунолошки систем и првата линија на одбрана од микроби што се пренесуваат преку воздухот. Малите влакна и слузта, која се создава во посебни клетки во синусите, ги собираат инфективните вируси и бактерии заедно со прашината. За време на инфекција, носот создава повеќе слуз за да ги собере остатоците од имунолошкиот одговор. Слузта станува погуста и ја менува бојата во жолта или зелена и вие треба да го исекнете носот за да ја исфрлите. Заедно со кивањето, тоа помага во отстранување на несаканите честички од телото.
Загревање и навлажување на воздухот
Атмосферскиот воздух може да не биде најдобар за нашето тело и може да ги оштети нежните клетки на белите дробови. Меѓутоа, движејќи се низ ноздрите, воздухот се навлажува и загрева до соодветната температура. При излегување, носот, исто така, може да собере влага од воздух што се издишува доколку има потреба од хидратација.
Зборување и слушање
Протокот на воздухот низ воздухот влијае врз звукот на вашиот глас. Затоа, кога ќе настинете, вашиот глас звучи поразлично. Тој, исто така, има улога во слухот, бидејќи е поврзан со средното уво преку Евстахиевата цевка. Назална конгестија може да ги блокира тие цевки и може да пречи во слушањето. Можеби сте го искусиле тоа за време на сериозна настинка.
Без сомнеж, вашиот нос е вреден инструмент и кога ќе се инфицира, тоа може да влијае врз сите негови функции. Назалните спрејови, како што е Септаназал, помага во одзатнување на вашиот нос и негово лекување за побрзо целосно враќање на неговата функција.
Добро грижете се за вашиот нос и одржувајте го здрав за целосно да уживате во животот.
Комерцијален текст