Микробите постојат милиони години. Тие се насекаде околу нас. Повеќето од нив се безопасни, дури и витални за човековото постоење. Друг, мал дел од нив се патогени и можат да предизвикаат болест. Тука на помош доаѓа имунолошкиот систем, кој е главниот штит од штетните микроби. Останува да се разбере како имунолошкиот систем нѐ штити од инфекции.
Што се микробите?
Микробите се микроорганизми и во зависност од нивната структура се поделени во неколку групи:
- Прокариоти – ова се едноклеточни организми кои не го носат својот генетски материјал во посебно јадро. Бактериите се пример за прокариоти.
- Еукариоти - можат да бидат едноклеточни или повеќеклеточни организми кои го носат својот генетски материјал во форма на хромозоми во посебно јадро. Сите повеќеклеточни организми се еукариоти - вклучувајќи ги и луѓето.
- Вируси – тие не се клеточни организми. Нивната структура се состои од генетски материјал (ДНК или РНК) кој е опкружен со протеинска обвивка. Пример за вирусна инфекција е вирусот на грип.
Како вирусите ги инфицираат луѓето?
Вирусите постојат во сива зона помеѓу „живи“ и „неживи“ поради начинот на кој тие се структурирани и се репродуцираат. Прокариотите и еукариотите се размножуваат сами. Додека вирусите зависат од клетката домаќин за речиси сите функции. Вирусите се репродуцираат со „инјектирање“ на нивниот генетски материјал во домаќинот. Сепак, интересно е како нашиот имунолошки систем реагира на вирусниот напад.
Имунолошкиот систем - што е тоа и како функционира?
Постојат два главни типа на имунитет - вроден и стекнат. Преку неспецифичен имунитет, наречен и вроден имунитет, човечкото тело се заштитува од туѓ материјал кој се смета за штетен. Може да бидат нападнати мали микроби како вируси и бактерии, како и поголеми организми како црви. Сите имаат вродена имунолошка одбрана против заеднички патогени. Овие први линии на одбрана вклучуваат надворешни бариери како што се кожата и мукозните мембрани.
Некои бели крвни зрнца (фагоцити) се борат со патогени кои ја надминуваат надворешната одбрана. Фагоцитот го опкружува патогенот, го проголтува и го неутрализира.
За разлика од вродениот имунитет, специфичниот имунитет овозможува насочен одговор против специфичен патоген. Белите крвни зрнца познати како лимфоцити се од витално значење за специфичниот имунолошки одговор. Тие се произведуваат во коскената срцевина и созреваат во еден од неколкуте подтипови. Два од овие подтипови се Т-клетки и Б-клетки.
Антигенот е туѓ материјал кој предизвикува одговор од одредени клетки во нашето тело. Овие клетки созреваат и произведуваат протеин наречен антитело. Овој протеин е специфично насочен кон одреден антиген. Се лачат голем број антитела кои се борат против специфичните антигени кои циркулираат во крвта.
Кога луѓето велат дека се „имуни“ на инфекција, тоа често значи дека имаат антитела против патогенот. Сепак, како што утврдивме, имунитетот е повеќе од антитела и всушност ги вклучува сите имунолошки одговори. Покрај тоа, самите антитела се сложени, со различни структури и задачи.
Додатоци во исхраната во борбата против вирусите.
Имунолошкиот систем е главнатaодбрана на телото од штетници. Затоа е добро да му помогнеме и да го зајакнеме како и кога можеме. Познато е дека Stamatin има антивирусно и антибактериско дејство, но, важно е да се напомене дека овој производ може позитивно да влијае на имунолошкиот систем.
Екстрактот Radix isatidis (Радикс исатидис), кој е содржан во Stamatin, го зајакнува вродениот и стекнатиот имунитет. Покрај тоа, jaстимулира пролиферацијата на лимфоцитите и производството на антивирусни антитела.
Африканското растение Pelargonium sidoides (Африкански гераниум) го манифестира својот ефект со активирање на макрофагите и фагоцитозата, зголемувајќи ја синтезата на имуноглобулин А во секретите (плунка и други).
Последно, но не и најмалку важно, Stamatin содржи витамин Ц и цинк, кои се важни клучни компоненти за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Цинкот е важен фактор за правилно функционирање на имунолошкиот систем, бидејќи е неопходен за синтеза и нормално функционирање на неутрофилите, NK-клетките, макрофагите, Т и Б-лимфоцитите.[5] Познато е дека витаминот Ц е моќен антиоксиданс и го подготвува телото за средба со патогени и го скратува периодот на болеста.
Со текот на годините, луѓето го добија своето право да живеат меѓу микроорганизми. Повеќето од нив се безопасни, но има и такви кои се патогени и предизвикуваат болести. Имунолошкиот систем е витез кој го штити човекот од штетници и важно е да му се помогне.Stamatin може да биде прекрасен сојузник и помошник на имунолошкиот систем и на тој начин луѓето стануваат помалку подложни на повеќето инфекции или многу побрзо ги надминуваат.
Комерцијален текст