Почетна » Новости » Промо » Битолска млекара се стекна со сертификат „Фер со потрошувачот“

Битолска млекара се стекна со сертификат „Фер со потрошувачот“

Битолска млекара е единствената компанија од млечната индустрија во земјата што го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“. Освен потврдениот висок квалитет на производите, Бимилк со сертификатот се стекна и заради покажаната грижа за безбедноста и здравјето на потрошувачите, изградениот однос, транспарентноста и едукацијата. Следејќи ги и придржувајќи се на високите стандарди за работа, во однос на квалитетот на производите, воспоставувањето двонасочна комуникација како и создавање портфолио според потребите на потрошувачите, Бимилк грижата за задоволството на потрошувачот ја постави како свој врвен приоритет, што се потврдува со овој сертификат.

Битолска млекара

„Стекнувањето со сертификатот опфаќа широк опсег обврски што компанијата ги исполнува, а се однесуваат на различни нивоа во односот кон потрошувачот каде како компанија ја докажавме својата грижа и посветеност. Сегашната потврда од надлежните инстанции, само нè увери дека сме на правиот пат и нè поттикнува за градење уште поблизок однос со потрошувачите и веруваме дека истиот дополнително ќе ја зголеми довербата што во континуитет ја добиваме од нив”, велат од Бимилк.

Покрај создавањето висококвалитетни производи, стандардизацијата на квалитетот и широката достапност, Бимилк грижата за потрошувачите ја пренесе и во склоп на своето работење со примена на енергетско ефикасни, поефективни и еколошки процеси со што покажа висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите. Изгради транспарентен однос со потрошувачите со користење фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и преку општествено одговорни практики и со иницијативи за безбедна и правилна употреба на производите која нема да и наштети на животната средина, се заложи за едукација и подигање на свесноста кај потрошувачите за поголема одговорност и грижа за животната средина.

Сертификатот се доделува од Организацијата на потрошувачи на Македонија, Асоцијацијата Зенит и Здружението на бизниси и консултанти Креација, кои исто така се и верификатори на исполнетоста на обврските за стекнување со сертификатот.

Со цел да ја задржи лидерската позиција во однос на квалитетот на своите производи, покрај овој сертификат, Бимилк поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната средина ISO 14000 како и стандард за здравје и безбедност при работа ISO 45001 кои постојано ги надградува и унапредува.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19705 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.