Водечкиот бренд на лабораториска дијагностика во нашата држава, „Авицена Лабораторија“, со цел да ги задоволи барањата и потребите на сите клиенти, започна со работа на нова локација во населбата Кисела Вода во Скопје.
Лабораторијата се наоѓа на улица „Мариовска“ бр. 2-А на фреквентна и добро позната локација во населбата Кисела Вода. Новата лабораторија е во составот на модерен објект, целосно ориентиран кон барањата и потребите на клиентите, а пред самата лабораторија е достапен и бесплатен паркинг-простор.
„Авицена Лабораторија“ емакедонски докажан бренд што во повеќе од 16 години во сферата на лабораториската дијагностика има услужено над 2 милиони клиенти. Во сите четири лаборатории (три во Скопје и една во Тетово) работи искусен и професионален тим, вклучувајќи врвни доктори специјалисти по медицинска биохемија и микробиологија.
Принципите на контрола на квалитет и целокупниот процес на работа во „Авицена Лабораторија“ се круцијални за нејзиниот досегашен успех, а тоа е едно од нештата што ја прави препознатлива и прифатена како високопрофесионална и доверлива лабораторија. Освен внатрешните стандардни пропишани контроли на сите работни процеси, во „Авицена Лабораторија“ континуирано се спроведува и надворешна контрола од странски независни институции (INSTAND e.V Германија, UK NEQAS), кои осигуруваат дополнителна објективна оцена, со што ја ставаат самата лабораторија на исто ниво со која било друга европска или светска лабораторија.
Точниот и прецизен лабораториски резултат има витална улога во скринингот на различни заболувања, точна дијагноза, процена на ризик, мониторинг на терапија, прогноза и многу други аспекти кога е потребно донесување важни медицински одлуки и решенија.
Токму затоа, избраната лабораторија треба да биде ваш партнер од доверба, која на стручен, професионален и ефикасен начин може да ви овозможи најдобра грижа за вашето здравје.
Комерцијален текст