Хуман папиломавирусот (ХПВ) е најраспространета и најчеста сексуално пренослива инфекција ширум светот, со која барем еднаш во својот живот се заразуваат над 80% од сексуално активните жени и мажи. За повеќето, вирусот кој брои повеќе од 100 типови, исчезнува сам без никаков третман. Кај жените, 90% од инцидентите ХПВ генитални инфекции исчезнуваат во рок од две години. Но, инфекцијата со ХПВ генотиповите 16 и 18 ги става жените на ризик од развој на рак на грлото на матката (цервикален карцином), кој доколку не се лекува правовремено или се открие дури во напредна фаза, ракот на грлото на матката може да биде со сериозни последици
Дијагностицирана ви е високо-ризична ХПВ инфекција. Следно, што е?
Веста ќе ви дојде изненадувачки и ќе ве вознемири, но прво што треба да направите е подетално да разговарате за резултатите од тестот за ХПВ со вашиот лекар. Можеби ќе бидете упатени да направите колпоскопија – процедура, која му овозможува на гинекологот повнимателно да го испита грлото на матката и, доколку се чини дека има некакви абнормалности, мал примерок од ткивото да прати на понатамошна анализа. Доколку пак се откријат знаци на пред-канцер или ран карцином, зафатеното ткиво може да се отстрани.
Кои типови на ХПВ предизвикуваат рак на грлото на матката?
Високоризичните ХПВ инфекции можат да предизвикаат канцер. Постојат повеќе типови на високоризични ХПВ инфекции, од кои типовите ХПВ16 И ХПВ18 се сметаат за дирекно поврзани со појавата на рак на грлото на матката. Понекогаш се случува имунолошкиот систем да не успее во справувањето со ХПВ инфекциите, и во тој случај високоризична ХПВ инфекција да трае многу години. Тоа може да доведе до промени во клетките кои, доколку не се третираат, може да се влошат со текот на времето и да преминат во рак.
Колку е важен имунитетот при справувањето на организмот со ХПВ инфекциите
Доколку имате силен имунитет, тој ќе се ослободи од ХПВ инфекциите најчесто во времетраење од 2 години и ова е најчестиот случај при инфицирање со ХПВ. Но доколку имунитетот е слаб или опаднат, или пак компромитиран поради други здравствени состојби, тогаш имунитетот не може да ја победи ХПВ инфекцијата и таа останува долго време во организмот претворајќи ги нормалните клетки во абнормални односно предканцерогени. Доколку не се третираат, овие клетки доведуваат до рак на грлото на матката. Понови истражувања потврдуваат дека од сите витамини, јакнење на имунитетот со витамин Ц, фолна киселина и витамин Б12 се најзаслужни за намалувње на постоечка ХПВ инфекција и нејзино развивање во одреден ЦИН стадиум и рак на грлото на матката.
Дали да му кажете на сексуалниот партнер дека имате ХПВ инфекција?
Да. ХПВ инфекциите се сметаат за сексуално преносливи болести и затоа вашиот партнер треба да знае, за да тој / таа исто така направи соодветен преглед. Иако мажите обично се само преносители на вирусот, сепак има мал процент на случаеви кога и кај нив може да се појават потенцијално сериозни состојби предизвикани од ХПВ инфекцијата.
Како да се заштитам од ХПВ?
100% заштита од добивање ХПВ не постои. Постојат само превентивни методи кои значително го намалуваат ризикот од инфицирање од кои најделотворна во светот се смета вакцинацијата. Други начини за намалување на ризикот од трансмисија на ХПВ е практикување на сигурен секс со користење кондоми и/или моногамен секс. Исто така важна е улогата на исхраната во развојот на промените на грлото на матката. Намалениот внес на витамините Е, Ц и бета каротен го зголемува ризикот од дисплазија. Антиоксидансите се супстанции кои се наоѓаат во повеќето намирници од растително потекло, а каротеноидите во портокаловото и зеленото овошје и зеленчук (моркови, кељ, спанаќ, тиква, кајсии). Докажано е дека го намалуваат производството на слободни радикали и на тој начин ги штитат клетките од оштетување. Постојат и производи за вагинална употреба кои содржат активни материи со оксидативни својства и ја одржуваат структурата и природната функционалност на кожата и мукозните мембрани. Таков производ е КОЛПОФИКС вагиналниот гел спреј, кој содржи Polycarbophyl и Carboxymethyl-B-glucan како активни компоненти, кој се користи за превенција и третман на ХПВ цервикални лезии, и е лесно достапен од неодамна и кај нас во секоја добро снабдена аптека.
Дали во бременост можам да ja пренесам ХПВ инфекцијата на моето бебе?
Не. ХПВ инфекцијата не се пренесува на вашето неродено дете. Меѓутоа, за време на породувањето, доколку сте инфицирани со нискоризичните генотипови на ХПВ 6 и 11, можно е да го пренесете вирусот на бебето во породилниот канал. Иако ова е многу ретка појава, доколку се случи, тогаш може да предизвика проблеми со грлото (larynx) кај новороденчето.
Штосе смета за најважно за ХПВ?
Не заборавајте: најважни се редовните гинеколошки превентивни прегледи! ХПВ најчесто се јавува кај младите девојки и жени и затоа следењето и лекувањето се исклучително важни. ПАП тестот сè уште е златно правило за откривање на промени во грлото на матката поврзани со ХПВ. Затоа треба да се истакне важноста на редовните гинеколошки превентивни прегледи. Скринингот за ХПВ овозможува давање и собирање информации за да се заштити здравјето на жените. Со соодветен скрининг, жените не треба да развијат рак на грлото на матката.
Комерцијален текст