Сара Мејс и Eye Cue ги здружија силите за да создадат нова музика. Тие заедно ја снимија песната „Трепет“.
Музиката и текстот ги потпишува Сара, аранжманот е на Бојан и Сара, а песната е снимана во „Подрумот“. За видеоспотот, сниман во село Бојанчиште, се погрижи Кристијан Шемко.
ВИДЕО
Сара и Eye Cue премиерно ја отсвирија песната на Skopje Unplugged 2020.
„Бојан и Марија често пати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време кое што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиривме премиерно на Skopje Unplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента. Ова е за сите оние кои што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“ – изјави Сара за настанувањето на „Трепет“.