Ламбе Алабаковски се враќа на македонската музичка сцена. По долга пауза од седум години, 34-годишниот пејач денес објави нова песна и видеозапис.
Музиката за „На чекор од брегот“ е дело на Александар Тарабунов, а текстот го напиша Зоран Стојановски Зонде. На аранжманот Тарабунов работеше заедно со Димитар Андоновски.
Ламбе пред неколку месеци се врати од САД во Македонија заедно со своето семејство.