Непосредно пред концертот со кој ќе одбележи 25 години кариера, Владо Јаневски го промовираше новиот спот за „Откако си негова“.
58-годишниот пејач и атрактивната манекенка Вера Мештеровиќ го снимаа видеозаписот на неколку локации во Македонија.
Музиката и текстот на песната се дело на Владо, а аранжманот е на Никша Братош.
Големиот концерт на Јаневски ќе се одржи на 16 март во Вип Арена „Борис Трајковски“.