Џенифер Лопез неодамна ја објави својата нова песна „On My Way“, а сега го промовираше и видеозаписот за истата.
Во спотот, 52-годишната пејачка носи впечатлив фустан од Iris Van Herben, како и блескав костум од Balmain.
Лопез ја сними „On My Way“ за филмот „Marry Me“ во која ја има главната женска улога. Романтичната комедија ќе започне да се прикажува на Денот на вљубените следната година.