Мајли Сајрус го објави спотот за својата најнова песна „Malibu“, во која пее за својот свршеник Лиам Хемсворт.
Во видеозаписот, 24-годишната актерка и пејачка танцува и шета на плажа во Малибу додека му пее на 27-годишниот актер.
Спотот за „Malibu“
Песната веќе е на првото место на топ листите во САД, па Сајрус не пропушти да им се заблагодари на своите фанови преку Instagram.
Славните ѕвезди се запознаа во 2009 година, на снимањето на филмот „The Last Song“, а на крајот од мај 2012 година Лиам ја побара Мајли за жена. Парот ја раскина свршувашката во септември 2013 година.
Видео од „The Last Song“
По неколку месечни шпекулации, во март 2016 година беше потврдено дека двајцата актери ја обновиле својата врска, а во октомври 2016 година Мајли призна дека тие повторно се свршиле.