Даниел Кајмакоски се здружи со бугарскиот рапер Бобо и американската група Blackstreet за снимањето на првата меѓународна химна на хуманитарната организација „Holiday Heroes“.
Песната „Carry The Flame“ беше претставена во рамките на хуманитарен концерт во Софија. Видеозаписот е сниман на повеќе локации низ Македонија.
„Holiday Heroes“ е организација која им помага на социјално загрозени семејства, самохрани мајки и лица со инвалидитет и ја поттикнува хуманоста за време на празници.