Никол Шерцингер направи уште еден сексапилен спот. 33-годишната пејачка танцува провокативно заедно со група атрактивни танчерки во спотот за песната „Wet“.
Видеото е снимано во паузите измеѓу снимањата на американската верзија на шоуто „Х Factor“, во кое Шерцингер е член на жирито.
„Wet“ е сингл од соло албумот на Никол, „Killer Love“.