Неодамна, Даниел Кајмакоски и групата Неверне бебе ги израдуваа фановите со заедничка песна.
33-годишниот македонски пејач и познатиот српски бенд денес го објавија спотот за „Још се надам“, кој раскажува љубовна приказна исполнета со надеж и соништа.
„Још се надам“ е четврт сингл од новиот албум на Неверне бебе. Кајмакоски моментално работи на својот прв студиски соло албум, кој треба да излезе до крајот на оваа година.